Скопје, 30 јуни 2020
ДУИ, после 18 години, се врати на темите што ги нарече затворени, додека ВМРО-ДПМНЕ им кажува на Албанците дека Северна Македонија во нивно владеење ќе биде само моноетничка држава. Сега треба да процениме како е можно овие двајца (поранешни) партнери да бидат толку добро координирани само за да добијат политички поени. Реков пред неколку недели и повторно го потсетувам, не 3000 страници на програмата колку се фали ДУИ, не дадат одговор за три проекти што ги ветуваче сите овие години и сè уште не се реализирани:
– Патот Скопје-Блаце
– Патот Тетово – Јажинце
– Патот на Арбер – Кичево – Дебар – Блато
Има илјадници проекти кои ДУИ не ги реализираше, но јас ги броев само овие 3️, бидејќи гласањето за бројот 3️ ќе ги испрати ДУИ во опозицијата.
Гласањето за Коалицијата МОЖЕМЕ е глас кој спречува враќање на режимот, моноетничката држава, изградба на споменици, стиропорните фасади и празната реторика што не носи ништо добро за државата и животот на нејзините граѓани.
Канцеларија за информирање – Движење БЕСА
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.