Скопје, 10 јуни 2020 –
ВМРО-Народна партија најпрво сака да констатира дека Република Македонија со одлуките на Комисијата за заразни болести ги има во моментот најригорозните мерки во Европа за влез и излез од државата на сопствените граѓани но и граѓани на други држави.
Сметаме дека овие мерки стануваат помалку апсурдни кога едноставната анализа на бројки ни покажува дека многу побезбедно е да се оди во Тирана отколку во Чаир, или во Софија отколку во Штип.
Оттука македонските граѓани се подложни на двојна изолација, едни се мерките на другите држави кои им забрануваат влез кај нив, а со ист интензитет се и мерките на нашата држава. Така што дефакто испаѓа дека македонскиот граѓанин е денеска најизолиранот граѓанин во Европа.
Затоа ја повикуваме Комисијата за заразни болести сериозно да ги преиспита овие одлуки особено што во цела Европа сега е тренд на олабавување на мерките и отварање на границите. Ваквата изолираност сериозно може да наштети на економијата на Македонија, но и кога ќе почнат туристичките бранови да не ги тераме туристите да бараат други патишта, комуникации и повторно непотребно да ја изолираме Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-Народна партија
____________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки