Утрински Весник
Македонија

Сообраќајка во Топанско поле, се судриле мотор „јамаха“ и „голф“

На 11.08.2022 во 00.10 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од ул.„Џон Кенеди“ и ул.„Серава“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со косовски национални ознаки, управувано од В.К.(33) од Косово и мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од мотоциклот Е.З.(19) од с. Блаце, скопско, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Николоски: Продолжува поддршката за Општина Струга, заеднички работиме на големи инфраструктурни проекти

Одложено судењето на Артан Груби и уште седум лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“, закажани нови термини за расправа

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски” и може да се обединиме