Утрински Весник
Македонија

Сообраќајка во Куманово, едно лице загина, едно е повредено

Изминатото деноноќие 15 сообраќајки во Скопје,  возач на мотоцикл тешко повреден

Скопје, 29 февруари 2020 (МИА) – Едно лице загина, а друго е повредено во тешка сообраќајна несреќа што се случила утрово во Куманово, соопштија од Итна помош Куманово.

Од итната помош додаваат дека повреденото лице е префрлено на лекување во скопските клиники.

Сообраќајната несреќа се случила околу 6 часот на булеварот „Октомвриска револуција“ во близина на реонскиот пазар.

Од СВР Куманово потврдија дека се случила сообраќјна несреќа  и најавија дополнителни информации во текот на денот.ам/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ќура: Ископувањата околу изворот „Шум“ причина за матноста на водата во Струга

Кривична за поранешниот градоначалник на Росоман за противправно прибавени 500.000 денари од Буџетот на Општината

„Марш на ангелите“ во сабота – Граѓаните повикани на достоинствен собир за правда