Утрински Весник
Македонија

Сончево со температура до 23 степени

Сончево со температура до 23 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб ветер претежно од северозападен правец. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево со услови за слаба утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 18 степени.

До сабота ќе се задржи претежно сончево и тивко време со ниски утрински температури и со услови за утринска магла по одделни котлини. Дневната температура ќе биде во пораст. Од сабота попладне се очекува зголемување на облачноста, а од недела кон крајот на денот и појава на врнежи од дожд.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Фатен крадец во Струмица, затекнат при кражба во црква

Кривична за маж од тетовско за кражба на струја во вредност од над милион денари

Нови детали од истрагата: Во киднапирањето на Кајмакоски биле вклучени лица што ги познава