Утрински Весник
Македонија

Сончево со температура до 21 степен

Сончево и студено со слаб ветер

Скопје, 24 февруари 2020 (МИА) – Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено изразен вдолж Повардарието и во источните делови.

Минималната температура ќе се движи од минус четири до три степени, а максималната ќе биде во интервал од 12 до 21 степен.

До среда ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност и топло преку денот. Ќе дува умерен до засилен ветер. Минималните температури ќе се движат од минус пет до четири степени, а  максималните температури ќе бидат во интервал од 11 до 20 степени.

Под влијание на влажен бран во среда кон крајот на денот и в четврток ќе настапи наоблачување со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува засилен западен и северозападен ветер, а дневната температура значително ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од еден до шест степени, а максимална од шест до 14 степени. мд/бак/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Починатиот Александар ниту работел во „Пулс“, ниту имал здравствено осигурување додека се водел како управител на фирмата

Македонски државјавин уапсен во Србија за шверц на електронски цигари

Мицкоски: Вложуваме во образованието со триесетина проекти со вредност од над една милијарда денари