Утрински Весник
Македонија

Сончево со температура до 18 степени

Сончево со температура до 13 степени

Скопје, 19 март 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус 4 до 3, а дневната од 12 до 18 степени.

Во Скопје сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до 17 степени.

До сабота ќе се задржи стабилно време со постудени утра и со постепен пораст на дневната температура. Во недела ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои во текот на ноќта и во понеделник поради значителното заладување на места ќе преминат во снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Клиничката болница – Штип не прима пациенти со скршеници поради паднатиот покрив

Почина маж во пожар во стан во Кичево

Пуштено во употреба реконструираното Одделение за трауматологија во болницата „Св. Наум Охридски“, инвестирани 230.000 евра