Утрински Весник
Македонија

Сончево со мала облачност и слаб ветер

Сончево со мала облачност и слаб ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен по должина на  Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец,. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Утре ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, на планините со повремен снег, повеќе застапени во западните делови. Ќе дува умерен, а по должина на Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. В петок во источните делови облачноста ќе се зголеми и ќе дува засилен северен ветер. Дневната температура ќе биде повисока, особено в сабота.

Можете да прочитате

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги излажа скопјани со EXIT

Тројца од повредените пожарникари во пожарот во „Макпрогрес“ се пуштени дома, четвртиот испратен на дополнителни испитувања

СДСМ до ДПМНЕ: За ова ли ви требаа 58 пратеници – за функционерите да не го признаваат ниту македонскиот јазик