Утрински Весник
Македонија

Сончево со мала до умерена облачност

Сончево со локален пороен дожд, од утре многу топло

Скопје, 19 април 2020 (МИА) – Времето денеска во државата ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Преку денот облачноста ќе се зголемува и попладне во јужните делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб претежно јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната од 20 до 26 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе се задржи претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до пет, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Од понеделник времето ќе биде претежно облачно, а од средината на денот ќе започнат врнежи од дожд проследени со засилен северен ветер и услови за појава на грмежи. На планините врнежите ќе се од снег. Врнежите преку ноќта кон вторник ќе се поинтензивни, а повремено пообилни врнежи ќе има во вторник и среда кога ќе дува засилен јужен ветер. вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Турски државјанин измамен во Гостивар за 2700 евра

Се најавува сериозен снежен бран на Балканот

Предлагачите на законот за заштита од пушењето не го слушнаа гласот на малите трговци