Утрински Весник
Македонија

Сончево со ветер од западен правец

Сончево со ветер од западен правец

Скопје, 12 мај 2020 (МИА) – Времето денеска ќе биде сончево и топло, во северните делови со умерена облачност. Ќе дува умерен, а особено во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе изнесува осум.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со умерена облачност и со умерен ветер од западен и северозападен правец, кој на моменти ќе засилува. Минималната температура ќе биде околу 11, а максималната ќе достигне 27 степени целзиусови.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на значително топло време, особено од четврток, кога ќе има и извесно зголемување на облачноста. Ќе дува умерен јужен ветер. вј/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Казни до 400 до 5.000 евра за сопственици на домашни миленици, се подготвува нов Закон за заштита на животните

Четири лица уапсени во Муртино поради дрога