Утрински Весник
Македонија

Сончево на одредени места ќе има повремен дожд

Сончево на одредени места ќе има повремен дожд
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претпладне времето ќе биде сончево со мала облачност, а кон југот со зголемена облачност и со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер југоисточен ветер кој во долниот тек на Повардарието краткотрајно ќе засилува.

Од вечерните часови од југозапад ќе почне нов бран од врнежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Нов бран од врнежи од дожд ќе започне од утре вечер од северозапад и ќе трае и во среда преку денот.

На планините овие врнежи ќе бидат од снег, а понекаде на северозападот повремен снег ќе има и на повисоките места.

Во среда и во четврток ќе дува засилен северозападен ветер. Од четврток ќе биде стабилно со утрински температури кои на повеќето места ќе бидат негативни.

Дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

Можете да прочитате

Петок ( 2 Јануари) ни носи снег и снежна покривка во западните предели

Алкохолна ноќ на патиштата: Удрил во канделабра, нападнал полиција, возел во спротивен правец

Рекордна наплата на патарини: Државната каса побогата за над 4,1 милијарда денари