Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло со температури до 37 степени

Сончево и топло со температури до 37 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната од 31 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 35 степени.

Утре во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Изолирана појава на нестабилност претежно во планинските подрачја се очекува и во четврток. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен и западен правец. Дневната температура ќе биде во опаѓање. Потоа во следните денови се очекува претежно стабилно и потопло време.

Можете да прочитате

Група граѓани поднесоа обемна претставка до Уставниот суд и кривична пријава против МВР за „Safe City“ системот

Просветен инспектор ѝ вршел притисок на наставничка во Муртино да напише изјава како што тој сакал

Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, се очекува реизбор на Мицкоски