Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло над 30 степени до среда, за викенд нестабилно со врнежи

Сончево и топло над 30 степени до среда, за викенд нестабилно со врнежи

Скопје, 29 јуни 2020 (МИА) – Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 38 степени.

Утре и во среда времето ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои насекаде ќе
бидат над 30 степени.

Потоа во четврток и петок ќе има појава на попладневна локална нестабилност, а поинтензивна нестабилност со врнежи пороен дожд проследен со грмежи ќе има за време на викендот. Тогаш и дневните температури ќе бидат за неколку степени пониски, и тоа за сабота максимална температура се очекува да биде 36 степени, а во недела 35 степени Целзиусови. вг/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Битиќи: Во ребалансот власта не дава пари за плата од 100.000 денари за пожарникарите

Ѓорѓиевски им подаде рака на угостителите: Заедно за модерен Скопје

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија