Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло до 27 степени, во среда дожд и грмежи

Утре сончево со мала облачност, стабилно време и во наредните денови

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен југоисточен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во наредните денови ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од јужен правец.

Во вторник попладне во планинските подрачја ќе има услови за ретка појава на дожд и грмежи, а во среда попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Можете да прочитате

Закон предвидува 24 часа, но барање за одземање на имунитет на судијата се уште нема

Полицијата го опколи Батинци – потера по бегалец осомничен за две убиства

СДСМ: Мицкоски, домашната задача за ЕУ не се прави со „Ноќни волци“