Скопје, 30 март 2020 (МИА) – Сончево време со максимална температура до 19 степени ќе преовладува денеска во земјава. Попладне се очекува зголемување на облачноста и според најавите на синоптичарите ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи од од -1 до пет степени, а максималната ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје сончево со умерена облачност и слаб до умерен северен ветер и со минимална температура од два степена и максимална до 17 степени.
Веќе од вторник повторно следува период на променливо облачно и врнежливо време. Пообилни врнежи се очекуваат во среда кога ќе дува засилен северен ветер и ќе има значително заладување, што повторно ќе услови врнежи од снег дури и на некои пониски места. бак/ев/