Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло до 13 степени

Сончево, со слаб ветер и температури до 17 степени

Скопје, 21 февруари 2020 (МИА) – Времето во поголем дел од земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а во североисточните делови ќе има услови за слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од минус 4 до 4 степени, а дневната од 4 до 13 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 10 степени.

Во следните денови времето ќе биде стабилно со умерен, а во сабота и засилен северен ветер. Од недела ќе има пораст на дневната температура.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Муцунски се сретна со Сијарто

Бочварски: Гледаме секојдневни скандали, лош почеток на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ

Тошковски: Системот од камери за сообраќајни прекршоци мораме да го имплементираме правилно, со тоа ќе спасиме човечки животи