Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност

Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност

Скопје, 29 април 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со умерен до засилен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има појава на локален краткотраен дожд и ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 4 до 12, а дневната од  16 до 26 степени.

Во Скопје сончево со мала локална облачност и со краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе достигне до 24 степени.

Во наредните денови времето претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови ќе има зголемена облачност со локален дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на локално невреме. гв/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нова афера во МВР: За 1.400 евра до лажна возачка дозвола?

Жештина од Африка и песок од Сахара: Што нè очекува за продолжениот викенд

Дединец: Не е прашањето дали ќе има рударство, туку какво рударство сакаме