Утрински Весник
Македонија

Сончево и стабилно време, со ниски утрински температури

Времето ќе биде сончево со умерена, а повремено со значителна облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.

Во Скопје умерено до значително облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 10 степени.

Во следните денови продолжува стабилното и сончево време со ниски утрински температури. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СЕЗОНСКА МЕТЕО АНАЛИЗА: Пролетта 2026 во Македонија натпросечно топла

Началникот на Генералштабот на Армијата присуствуваше на примопредавањето на должноста командант на Националната Гарда на Вермонт

Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови