Утрински Весник
Македонија

Сончево и многу топло, температурата до 39 степени

Денеска во земјава се очекува сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. УВ=8

Во Скопје и во околината ќе биде сончево и многу топло со слаб променлив ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 37 степени.

Под влијание на многу топла воздушна маса во петок ќе биде уште потопло, температурите на повеќето места ќе бидат над 35°С, а во југоисточните подрачја и над 40°С.

За време на викендот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, а ќе има услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Температурите значително ќе се намалат.

Можете да прочитате

Хаос за влез од Грција во Македонија

Гори околу Скопје, активни пожари во општина Сарај и општина Ѓорче Петров

Уапсени 11 возачи, осум возеле без возачка дозвола