Утрински Весник
Македонија

Сончево и многу топло, температурата до 36 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. УВ=8

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 34 степени.

За време на викендот наместа ќе има зголемена облачност.

В сабота температурата насекаде ќе биде над 30 степени, а в недела во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува засилен северен ветер и ќе има благо опаѓање на температурата особено во северните делови.

Во вторник ќе има зголемена облачност, а температурите ќе бидат во постепен пораст. Значителен пораст на температурата се очекува од среда.

Можете да прочитате

Променливо облачно и студено време утре

Македонскиот пазар без кадар – Работници од Бангладеш, Непал и Индија ја пополнуваат празнината

Непознати кучиња со маркици од Албанија се појавија во Скопје вели Анима мунди