Утрински Весник
Македонија

Сончево и многу топло со температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец, кој по должинат на Повардарието повремено ќе се засилува.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. УВ=9

Во Скопје се очекува сончево и многу топло време, со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Под влијание на топол бран следува период на многу топло време, со високи температури, кои ќе бидат над просекот и на целата територија ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури.

В недела кон крајот на денот ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, најави УХМР.

Можете да прочитате

Стојанов: Во име на парите и криминалот ни отидоа децата

Кривични пријави за три локали во Аеродром – точеле алкохол на малолетници

Мицкоски на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде” во Тетово