Утрински Весник
Спорт

Бремер пет години во Јувентус

Италијанскиот калчолигаш Јувентус го објави трансферот на Глејсон Бремер од Торино. 25-годишниот бразилски дефанзивец минатата сезона беше прогласен за најдобар во Серија А, а доаѓа како замена за Матијс де Лихт кој замина во Баерн Минхен.

dobivaj vesti na viber

“Тој има физичка сила, позициска интелигенција, навремен лизгачки старт и доминантен во воздухот. Покрај тоа, тој е ефикасен и за три години во Серија А постигна 11 гола, повеќе од сите стопери во истиот период. Минатата сезона беше прогласен за МВП меѓу одбранбените играчи во Серија А, а беше предводник во сите пет најдобри лиги по бројот на одземени топки. Доби 217 дуели, од кои 132 воздушни“, наведуваат од Јувентус.

Зделката е вредна околу 50 милиони евра, а Бремер потпиша петгодишен договор со Јувентус.

Можете да прочитате

Норвешка побара истрага од ФИФА за наградата за Трамп

ЕХФ отвори истрага за наводни расистички навреди на реваншот во Охрид

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0