Утрински Весник
Македонија

Сончево и многу топло со температура до 42 степена

Сончево и многу топло со температура до 42 степена

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 42 степена. УВ=9

Во Скопје сончево и многу топло со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 41 степен.

Продолжува периодот на стабилно и многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината. Максималните температурни вредности вдолж Повардарието за 2 до 3 степени ќе го надминуваат 40-иот степен.

И во наредните денови насекаде ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури.

Можете да прочитате

Филков од Подгорица: Македонија и Црна Гора ја зајакнуваат соработката во реформите во правосудството

Тешка сообраќајка одзеде живот: Почина вработен во Регионалниот ЦУК во Битола

„Металковци патуваат“ премиерно на сцената на МОБ – нова интерактивна претстава за најмладите