Утрински Весник
Македонија

Сончево време со температура до 36 степени

Сончево време со температура до 36 степени

Времето ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието, информира УХМР.

Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.

Во Скопје, сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне во делови од котлината ќе има појава на слаб краткотраен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Поради спуштање на постудена воздушна маса од север проследена со умерен, повремено засилен северозападен ветер, денеска и во следните денови дневната температура ќе се намали за неколку степени.

Од утре следува период на претежно стабилно време, освен во понеделник кога се очекува појава на нестабилност проследена со краткотраен локален дожд.

Можете да прочитате

Пендаровски: Нападот врз Иран го извади на виделина аматеризмот на македонската надворешна политика

ССМ повика на протест в сабота

Инспекциите потврдија: Нема криење залихи на гориво, следуваат засилени контроли во маркетите