Утрински Весник
Македонија

Сончево време со температура до 35 степени

Сончево време со температура до 35 степени
Dik 300x250 mk

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови засилен ветер од западен правец, информира УХМР.

Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. УВ=7

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Од утре ќе биде претежно стабилно со слаб до умерен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието.

Можете да прочитате

Лишени од слобода возачи од Битола, делчевско и Кочани, возеле пијани

Се подготвува кривична пријава: Директорот на „Комунална хигиена“ уште е во полициска станица

Филмски“ грабеж кај патарината Миладиновци: петмина со оружје ограбија возач