Утрински Весник
Македонија

Сончево време со температура до 28 степени

Сончево време со температура до 28 степени

Времето утрово е студено, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Во следните денови ќе преовладува сончево време со значително повисоки дневни температури. До сабота утринските температури ќе бидат многу ниски и на некои повисоки места ќе се спуштат и до 0 степени. Од вторник ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

Можете да прочитате

Мицкоски заминува за Минхен – 24info.mk

Филипче: Немам ништо заедничко со Трендафилов освен следењето од службите

23 – годишна девојка била претепана од нејзиниот татко