Утрински Весник
Македонија

Сончево време со температура до 25 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност поголема во западните делови каде што краткотрајно ќе има услови за пороен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје, сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 24 степени.

Денеска и во понеделник особено во западните делови ќе има повремено зголемување на облачноста со изолирана појава на краткотрајна нестабилност со ретки грмежи. Од вторник ќе преовладува претежно сончево, но во попладневните часови и особено во вторник ќе има услови за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи.

Можете да прочитате

Во пукање на влезот на скопско Батинци убиен припадник на Армијата кој бил на користење слободен ден

ДУИ: Правичната и соодветна застапеност не е привилегија, туку уставно загарантирано право

ЦУК: Активни четири пожари на отворен простор, шест локализирани и два под контрола