Утрински Весник
Македонија

Денеска посебен сообраќаен режим во Скопје поради улична трка

Денеска во времето од 8.30 до 10.30 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи улична трка насловена како „Халк Еко Скопје трча 10К“, со стартна позиција на бул.„Илинден“-локација Фонтана, а натпреварувачите ќе се движат по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Никола Парапунов“, лево во продолжение до крстосница со бул.„Партизански Одреди“, десно (во десниот коловоз гледано кон Ѓорче Петров) до Влајков Мост каде што вртат полукружно и назад во истиот коловоз до крстосница со ул.„Љубљанска“ каде што вртат полукружно и по истиот коловоз се враќаат назад на ул.„Никола Парапунов“ и по бул.„Илинден“ до целта на локација Фонтана на бул.„Илинден“, во Скопје.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Можете да прочитате

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на пари

Кузеска: Славески призна дека одлуката за Алта банка ја донел Христијан Мицкоски