Утрински Весник
Македонија

Сончево време со температура до 23 степени

Сончево време со температура до 23 степени

Наутро во одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена, а кон крајот на денот со зголемена облачност, информира УХМР.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, поизразен во западните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје наутро со појава на магла и ниска облачност, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 19 степени.

И утре ќе се задржи релативно топло време, во котлините и речните долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност. Во попладневните часови ќе има повремен дожд, претежно во северните делови, а слаб локален дожд ќе има и в недела претпладне.

За време на викендот ќе дува умерен, по должината на Повардарието засилен северен ветер, а дневната температура од недела ќе биде пониска.

Можете да прочитате

Голем пожар во Струмица, го гасат 30 пожарникари

Власта најаува изградба на Центар за протези за повредените од Кочани

Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан