Утрински Весник
Македонија

Сончево време со слаб ветер

Сончево време со слаб ветер

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната од 8 до 17 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност и со слаб северен ветер.  Утринската температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 14 степени, јави УХМР.

Во наредните денови, следува период на стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските во следните два дена на повеќе места ќе бидат негативни и под просекот за овој период од годината.

Можете да прочитате

Рокас: Оваа година има поголем напредок во однос на минатата

Пронајдени 32 пакетчиња со кокаин при преглед на возило во Скопје

Мицкоски: Имаме подобар извештај од минатата година, немаме недостиг на реформи, туку преостанати политички услови