Утрински Весник
Македонија

Сончево време со мала до умерена облачност

Сончево време со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која во текот на денот ќе се зголемува. Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.

Во Скопје претпладне со појава на слаба магла, во текот на денот сончево со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне 10 степени.

Во недела ќе биде значително облачно и ќе има локални врнежи од дожд, особено попладне. Под влијание на продор на студена воздушна маса во понеделник ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура ќе се намали. Во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно и студено време, од среда со повремени локални врнежи, кои на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сообраќајот на делницата од регионалниот пат Р1-202 Маврови Анови – Дебар е нормализиран

Театар под ѕвездите: „Ноќта кога ја убив месечината“ на 2218 метри надморска височина

ВМРО-ДПМНЕ: Срамно и дрско е СДС да зборува за темелите на македонската државност откако променија знаме, име и Устав