Утрински Весник
Македонија

Сончево време, попладне пороен дожд и грмежи

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Попладне ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладне и попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Од среда до петок ќе настапи стабилизирање на времето, а во деновите од викендот повторно се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Можете да прочитате

Две телефонски измами врз повозрасни лица во Штип

Мицкоски ја осуди пресудата против новинарката Љиридона Вејсели

Во гостиварско Дебреше, внук го пронашол вујкото мртов во шахта