Утрински Весник
Македонија

Сончево време, попладне локален дожд

Сончево време, попладне локален дожд

Времето денеска ќе биде  сончево со мала до умерена облачност, попладне со локална појава на краткотраен пороен дожд, соопшти УХМР.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а во западните делови од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 9.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и постепен пораст на дневната температура. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд.

Во петок кон крајот на денот и за време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Винчини“ ќе се обнови – „Макпрогрес“ ќе ги задржи сите вработени

(фото) Вечерва тешка сообраќајка во населба Аеродром

Претседателката Сиљановска Давкова доби пес Караман кој треба да биде признаен за автохтона македонска раса