Утрински Весник
Спорт

Аталанта ја демолираше Бреша и се качи на втората позиција (видео)

Аталанта ја демолираше Бреша и се качи на втората позиција (видео)

Аталанта од Бергамо, хитот оваа сезона во италијанската Серија А синоќа одигра нов ефикасен меч и со 6-2 славеше над претпоследната екипа во првенството, Бреша.

Три гола за домашната екипа постигна хрватскиот интернационалец, Марио Пашалиќ, од кои првиот најбрзо сезонава во Серија А, по само 87 секунди.

Уште до полувремето беше завршена целата работа, Аталанта на пауза отиде со 4-1.

Во вториот дел рутинирано, се стигна до конечните 6-2 со кои сега Аталанта е втора на табелата зад Јувентус кој е на +6 и меч повеќе за играње.

Бреша, пак, само чудо може да ја задржи во најквалитетното италијанско друштво и наредната сезона. Има 21 бод, дури 9 помалку од Џенова која е над линијата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката

Шкендија и Вардар ремизираа – 24info.mk