Утрински Весник
Македонија

СОНК ја поздравува заложбата за изнаоѓање на средства за вработените во образованието

СОНК ја поздравува заложбата за изнаоѓање на средства за вработените во образованието

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) ја поздравува заложбата на министерот за образование и наука за изнаоѓање на средства за задоволување на барањата на вработените во образованието.

„Ова нека биде добар пример и поттик за министерството за труд и социјална политика во правец на надминување на моменталната ситуација“, порача првиот човек на синдикатот, Јаким Неделков.

Претходно денеска министерот за образование, Јетон Шаќири во телевизиско гостување изјави дека е подготвен да пренаменат дел од буџетските средства на МОН, за да се доближат до процентот на покачување на платите кој го бара СОНК.

Шаќири се надева на постигнување на договор до крајот на оваа недела се надева на постигнување договор.

Денеска е трет ден од штрајкот на вработените во образованието. СОНК не отстапува платите на вработените во дејностите образование и детска заштита веднаш да бидат зголемени за 18,4 отсто согласно со порастот на минималната плата која од овој месец е 18.000 денари и, дополнително, таа да биде основица со која ќе се множат коефициентите на сложеност на работни места.

Можете да прочитате

Есенва не очекува динамична атмосфера, ќе биде поладна, а снегот може да порани

Томовски: Во службените возила ќе се вметне и ГПС со цел зголемување на транспарентноста и контролата

ВЛЕН: Кога ДУИ зборува за ЕУ, граѓаните се потсетуваат на Груевски и Мијалков