Утрински Весник
Македонија

СОНК продолжува со штрајкот: „Заклучоците на владата не водат кон решавање на несогласувањата“

СОНК продолжува со штрајкот: „Заклучоците на владата не водат кон решавање на несогласувањата“

Штрајкот во образованието ќе продолжи, изјави претседателот на СОНК, Јаким Неделков, информирајќи дека Советот на СОНК денеска констатирал оти вчерашните владини заклучоци не водат кон  решавање на несогласувањата.

„Советот на СОНК веднаш ќе го прекине штрајкот, доколку Владата, како што вели да се почитуваат законите и тоа бараме ние како Совет, до септември, односно до изминување на шест месеци од носење на Законот за минимална плата, истата да се усогласи со колективните договори“, рече Неделков.

Тој рече дека се врши силен притисок врз штрајкувачите, оценувајќи дека заплашувањата дека ќе им бидат скратени дневниците во деновите на штрајкувачите, ги сметаат за обид за спречување на штрајкот.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Пратениците на Али и Венко гласаа против безбедноста на граѓаните во сообраќајот

СДСМ: Орбан преку Мицкоски го шири влијанието на Балканот

31. Конгрес на СДСМ: Отчет за изборниот пораз, но и статутарни измени