Утрински Весник
Економија

СОНК не се согласува со предлогот за намалување на платите во администрација

СОНК бара веднаш да почнат преговорите за Општиот Колективен договор за јавниот сектор

Скопје, 23 март 2020 (МИА) – Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) не се согласува со предлогот на СДСМ за намалување на платите на вработените во јавната администрација и бара од Владата доколку добие таков предлог, тој да биде одбиен.

Според Синдикатот, ваквиот предлог е радикален и директно ќе влијае врз работниците кои се најмалку платени. Затоа бара итно да се воспостави социјалниот дијалог и да се слушнат мислењата и на синдикатите и на економските експерти.

– Сметаме дека предложените мерки директно ќе удрат врз работниците што реално се и најмалку платени во државата. Особено реакциите се жестоки од страна на просветните работници, кои, во интерес на учениците, индиректно и на државата, вложуваат надчовечки напори преку алтернативни форми и методи, во домашни услови, да ја реализираат планираната програма, се наведува во соопштението од СОНК.

Ваква мерка, како што посочуваат од СОНК, нема во ниту една од соседните држави, кои, исто така, се соочуваат со економска криза предизвикана од коронавирусот. бак/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Лозарите мака мачат, ВМРО-ДПМНЕ да го прифати решението на СДСМ за дополнителни 3 денари за килограм грозје

Трипуновски: „Македонско најдобро” со поддршка од Стопанската комора, македонските производи ќе го носат логото на кампањата

Ревизија: ЕСМ струјата ја продава по двојно пониска цена од производната