Утрински Весник
Македонија

СОНК и Владата повторно без договор

СОНК и Владата повторно без договор

Без договор завршија преговорите помеѓу СОНК и Владата, за зголемување на платите во образванието.

„ Немаме краткорочно решение, со кое сега и веднаш ќе се зголемат платите во образованието, за онолку колку што бараме – 18,4 проценти. Не добивме никакви бројки, проценти на маса, така што сме разочарани“ рече Јаким Неделков по средбата во Владата.

На 11 април нема да работат основните и средните училишта, како и градинките.

Министерката за труд и социјална работа претходно изјави дека легитимно право е секој да може да штрајкува, но во делот на детската заштита, таа истакна дека децата мора да бидат згрижени и по Устав и по закон. Таа предупреди дека доколку децата не бидат згрижени, законот за детска заштита предвидува казни.

Можете да прочитате

Во Собранието седница за поставување пратенички прашања

Променливо облачно со повремен дожд

ФИНКИ ја отвори дилемата: дали интернетот е навистина достапен за сите?