Утрински Весник
Спорт

Солскјер нема да купува „гнили јаболка“

Вредноста на Манчестер Јунајтед се намалила за над 1,2 милијарди фунти

Манчестер, 8 јуни 2020 (МИА) – Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, ќе избегне купување „гнили јаболка“, бидејќи Норвежанецот инсистира на тоа дека новите засилувања мора да бидат самоуверени, но и смирени ако сакаат да играат во Премиер лигата.

Солскјер ги одведе Хари Мегваер, Даниел Џејмс и Арон Бисака во првиот трансфер прозорец во обид да формира нов тим со јадро на амбициозни млади британски играчи. Во зима, Норвежанецот ги привлече Бруно Фернандеш и Одион Игало.

– Чувствував дека сум професионалец и привилегиран да играм за Манчестер Јунајтед. Јас не би се погледнал себе си ако не знаев дека дадов се од себе за моите соиграчи и менаџер. Ова е она што сега ќе го барам од играчите со кои потпишавме или ги земаме од Академијата. Тие мора да бидат добри луѓе и професионалци, затоа што „гнилите јаболка“ во корпата ќе ги направат и останатите гнили. Значи за мене, станува збор за изградба на тим што ја одразува личноста и ставовите на мојот тим. Секако, постојат стандарди затоа што сакаме да победуваме. Ние сме во овој бизнис да го правиме тоа. Но, првиот чекор да бидете играч на Манчестер Јунајтед е да бидете понизни и да знаете дека мора да работите напорно. Никогаш да не се откажувате и секогаш да давате се од себе. Потребни се 100 отсто напор секој ден и да не мислите дека сте подобри отколку што сте, изјави Норвежанецот.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Италија го обрани Дејвис купот, Синер влезе во историјата на тенисот

Димитријевиќ сам играше против Литванија, постигна 43 поени во поразот на Македонија

Ливерпул на „мускули“ победи кај последно пласираниот Саутемптон