Утрински Весник
Македонија

Совет на амбасадори: Ратификацијата на протоколот во Шпанија високо морален чин

Советот на амбасадори разочаран од однесувањењето на некои партии во услови на мобилизација поради коронавирусот

Скопје, 18 март 2020 (МИА) – Здружението за надворешна и меѓународна политика Совет на амбасадори – Скопје, како политички одговорен и високо морален чин, ги поздравува ратификацијата на протоколот за членство во НАТО на нашата земја во шпанскиот Парламент и по итна постапка потпишаниот указ од страна на шпанскиот суверен.

Советот на амбасадори, во соопштение до јавноста, посочува дека посебно го вреднува фактот дека пријателска Шпанија и на ваков начин ја демонстрира својата целосна подршка за полноправно членство на нашата земја во евроатлантските структури, во овие исклучително сложени услови низ кои минува и оваа земја, како и многу други држави во Европа и во светот, погодени од дејството на корона вирусот.

Советот на амбасадори, се додава, упатува поддршка и до институциите на системот во нашата земја за што поуспешно справување со истата криза со која се соочуваме и ние.

– Советот и неговоите членови, на државните институции им ги ставаат на располагање, своето значајно меѓународно искуство и стручност, доколку постои потреба за некаков вид вклучување на нашето граѓанско здружение во одредени активности врзани особено во комуникацијата со македонските граѓани во странство, стои во соопштението. вг/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ утре на Конгрес ќе избира ново раководство

Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз

Три години од трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани