Утрински Весник
Свет

Советот за безбедност на Обединетите нации го осуди пучот во Мали

Советот за безбедност на Обединетите нации го осуди пучот во Мали

Советот за безбедност на Обединетите нации ги повика војниците кои учествуваа во пучот веднаш да ги ослободат сите заробени владини службеници и да се вратат во касарната без одлагање.

Претседателот на Мали, Ибрахим Бубакар Кеита, беше соборен од власт во државен удар во кој учествуваше војската.

Бунтовниците ветија дека ќе ги одржат изборите во разумен рок и започнаа разговори со истакнати политички лидери во земјата, пренесува „Ројтерс“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран тврди дека супертанкер удрил во мина во Ормуската Теснина

„Гугл“ го одбил барањето на Трамп – Атлантскиот или Тихиот Океан да бидат преименувани во „Океан Трамп“

Германските служби за вработување бараат од владата да не ги намалува дозволите за работниците од Западен Балкан