Утрински Весник
Политички Партии
300x250 opst2

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов е најнеспособниот градоначалник што Скопје го имало

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов е најнеспособниот градоначалник што Скопје го имало
300x250 opst2

Шилегов е најнеспособниот градоначалник што Скопје го имало, ништо што вети не реализира, велат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје, откако вчера премиерот Зоран Заев потврди дека Шилегов повторно ќе биде кандидиран за градоначалник на претстојните локални избори.

„Шилегов вети тунел под Кале, продолжување на булевар Илинден со мост преку Вардар кон Ѓорче Петров, реконструкција на Универзална, и многу капитални проекти, ништо од тоа не направи.

Шилегов вети повеќе зеленило, а на терен гледаме се повеќе исечени дрвја.

Наместо да гради, Шилегов краде.

Со градски пари Шилегов купува противпожарно возило со скала кое е двојно поскапо од исто такво возило купено во град Загреб.

Шилегов ја продаде градската куќа за 12 милиони евра, а никој не знае каде се парите, дали се потрошени и на што?

Наместо капитални проекти, Шилегов се расфрла со пари за клупи од тропско дрво.

Нема субвенции за инвертер клими таму каде што се потребни, но има на места каде не се користат загадувачки начини на греење по партиски клуч.

Заедно со Богдановиќ, Шилегов ја овозможува бетонизацијата на строгиот центар на Скопје, и како најповикан не излезе со став и не се спротивстави.

Шилегов е толку неспособен, што единствен капитален проект му е хациендата во Маврово која си ја направи за себе.

Со Шилегов Скопје застана и не се развива. Време е Шилегов да си замине. Време е за Македонија за сите луѓе!“, наведуваат од советничката група.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт