Утрински Весник
Свет

Советникот на Зеленски: Во Мариупол загинаа 2.500 луѓе

Советникот на Зеленски: Во Мариупол загинаа 2.500 луѓе

Бројот на загинатите во Мариупол се искачи на 2.500 лица, изјави Алексеј Арестович – советник на украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

„Се проценува дека најмалку 2.500 луѓе загинале во јужниот пристанишен град Мариупол од почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари“, рече Арестовиќ, додавајќи дека бројката ја пријавила градската управа на Мариупол.

Арестович ја обвини Русија дека уште еднаш спречила хуманитарната помош да пристигне во опколениот град во неделата.

Се стравува дека резервите на храна се при крај, а Црвениот крст неодамна објави дека истекува времето за спасување на затечените во Мариупол.

„Скај њуз“ потсетува дека бројните обиди за евакуација на цивили од градот пропаднале, а денеска треба повторно да се воспостави коридор за хуманитарна евакуација.

Можете да прочитате

Белгија го отфрли планот на ЕУ за користење на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина

Могерини ослободена по притворот во истрагата за измама

Холандскиот Апелациски суд одби да ги олабави правилата за асистирано самоубиство