Утрински Весник
Македонија

СОБ бара награда од 10 илјади денари за изминатите три месеци за дополнителниот ангажман околу Ковид -19

СОБ бара награда од 10 илјади денари за изминатите три месеци за дополнителниот ангажман околу Ковид -19

Скопје, 19 јуни 2020 (МИА) – Парична награда од 10 илјади денари за март, април и мај годинава за секој месец за придонесот и дополнителниот ангажман на вработените во МО и припадниците на Армијата за надминување на состојбата со Ковид – 19, побара на денешната прес-конфренција Синдикатот на одбраната и безбедноста (СОБ).

Претседателот на Синдикатот Ристо Ајтов информира дека голем број армиски припадници се заболени од коронавирусот, а поголем број се и во самоизолација. За ваквата сосотјба, подвлече, е се одговорни МО и Армијата.

Тој потсети дека припадниците на Армијата беа ангажирани  при заштита на жариштата во општините низ државата, патролирање и одржување ред во населените места, обезбедување на објектите од витално значење како што се Претседателот, Владата и Собранието, контрола на почитување на заштитните мерки донесени од Владата, заштита на КПУ, контрола и надзор на државната граница, заштита на хотелите во кои претстојуваат лицата во државен карантин, поддршка на локалната самоуправа и другите институции во севкупниот напор за спречување на пандемијата и отстранување на последиците од неа.

Од Синдикатот искажаа револт за, како што посочија, лошите услови за работа и непочитување и намалување на правата од работен однос на вработени во МО и АРМ.

– Цели касарни немаат вода за пиење, а зимскиот период нема греење, санитарните јазли во голем дел се во очајна состојба, голем дел од техниката и превозните средства се нуепотрбливи, евидентен е недостатокот на опрема, униформа, чизми и ХТЗ опрема. Личната опрема е во фаза на распаѓање, се уште има неквалитетна исхрана и недостаток на намирници, рече Ајтов.

Ваквата состојба, според Ајтов, особено со санитарните јазли се добра подлога за појава на нова епидемија која може да ја преполови и бројната состојба на Армијата, а со тоа, како што рече, да се загрози и безбедносната состојба на државата.

– Не се исплаќаат надоместоци на плата подолг период за празник, неделен одмор, работа во смени, ноќна работа и прекувремена работа, изјави меѓу другото Ајтов.

За ваквата состојба ја обвини министерката за одбрана Радмила Шекеринска и нејзиниот тим.

Синдикатот на одбраната и безбедноста денеска го проморива слоганот „Секогаш подготвени за граѓаните и за граѓаните“. цр/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи

До петок стабилно и сончево – викендов снег

Мајката-херој се борела со стерилитет, во бракот со сопругот 37 години се труделе да добијат деца