Утрински Весник
Магазин

Собрани 360.000 потписи за враќање на Пирс Морган

Собрани 360.000 потписи за враќање на Пирс Морган

Растат повиците за враќање на ТВ-водителот, славниот домаќин на „Добро утро, Британија“ бидејќи утринската емисија на Ај-ти-ви продолжува да ја губи војната за рејтинг со Би-би-си.

Петицијата за враќање на Пирс Морган во Good Morning Britain собра преку 360.000 потписи. Поставени се најмалку пет веб-страници за да го вратат познатиот водител во водечката утринска програма на Ај-ти-ви.

Ова се случува во време кога „Добро утро, Британија“ продолжува да заостанува зад „Би-би-си појадок“ во битката за утрински гледачи.

Британски медиуми посочуваат бројки на гледаност на двете емисии минатата недела: 840.000 се вклучиле во четвртокот, во споредба со 1.49 милион на ривалскиот канал – откако програмата изгуби речиси 40% од својата публика кога Морган поднесе оставка.

Тој одби да се извини пo навредливите коментари на сметка на Меган Маркл, војвотката од Сасекс, ден по фамозното интервју.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 05 ноември 2026 година

Сендвич за појадок или за ручек, Wolt ги открива интересните навики на Македонците

Ултразвучни бранови може да намалат нарушени размислувања кај лицата со шизофренија и шизоафективно растројство