Растат повиците за враќање на ТВ-водителот, славниот домаќин на „Добро утро, Британија“ бидејќи утринската емисија на Ај-ти-ви продолжува да ја губи војната за рејтинг со Би-би-си.
Петицијата за враќање на Пирс Морган во Good Morning Britain собра преку 360.000 потписи. Поставени се најмалку пет веб-страници за да го вратат познатиот водител во водечката утринска програма на Ај-ти-ви.
Ова се случува во време кога „Добро утро, Британија“ продолжува да заостанува зад „Би-би-си појадок“ во битката за утрински гледачи.
Британски медиуми посочуваат бројки на гледаност на двете емисии минатата недела: 840.000 се вклучиле во четвртокот, во споредба со 1.49 милион на ривалскиот канал – откако програмата изгуби речиси 40% од својата публика кога Морган поднесе оставка.
Тој одби да се извини пo навредливите коментари на сметка на Меган Маркл, војвотката од Сасекс, ден по фамозното интервју.