Утрински Весник
Спорт

Снуп Дог, Др.Дре и Еминем ќе настапат на Супербоул

Снуп Дог, Др.Дре и Еминем ќе настапат на Супербоул

Снуп Дог, Др.Дре и Еминем ќе настапат во полувремето на 56.Супербоул, објави Националната фудбалска лига. Супербоул натпреварот, најгледаниот спортски настан во САД, ќе се одржи на 13.февруари 2022 година во Лос Анџелес.

Покрај Снуп Дог, Др. Дре и Еминем ќе настапат и Мери Џеј Блајџ и Кендрик Ламар. Овие музичари заедно имаат добиено 43 Греми награди. Тие никогаш досега не настапиле заедно.

„Можноста да настап на Супербоул и тоа во мојот „двор“, ќе биде едно од најголемите возбудувања во мојата кариера“, напишал Др. Дре на социјалните мрежи.

> Снуп Дог, Др.Дре и Еминем ќе настапат на Супербоул <

Можете да прочитате

Тешка вечер за македонските младинци: Италија победи со 4:0

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Данска по полуфиналето на плејофот за Мудијалот 2026

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења