Утрински Весник
Спорт

Смолинг и Санчез ќе мора да се вратат „Олд Трафорд“

Смолинг и Санчез ќе мора да се вратат „Олд Трафорд“

Крис Смолинг и Алексис Санчез мора да се врата во Манчестер Јунајтед по завршувањето на сезоната во Серија А. Смолинг и Санчез сезонава се позајмени во Рома, односно Интер.

„Скај Спорт“ објави дека Манчестер Јунајтед нема намера да ги позајмува своите играчи и во наредната сезона, ќе с е обиде да ги продаде. Овие двајца мора да се вратат во Манчестер Јунајтед на 2 август кога ќе заврши сезоната во Серија А, што значи дека нема да настапат за актуелните клубови во натпреварите во Лига Европа.

Рома ќе игра против Севилја, а Интер против Хетафе. Во ова натпреварување е и Манчестер Јунајтед. Можен е дуел на „црвените ѓаволи“ со Рома во полу-финалето, а можен противник во финалето им е Интер.

Смолинг оваа сезона има одиграно 34 натпревари. Рома има намера да го откупи неговиот договор и реално е тој да остане во Рим.

Со Санчез ситуацијата е сложена, најмногу поради неговата астрономска плата, иако според италијанските медиуми тој би прифатил значително намалување на платата.

> Смолинг и Санчез ќе мора да се вратат „Олд Трафорд“ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Србија го освои првото злато на Олимписките игри во Париз

Шерифовски поразен на турнирот во џудо

Египќанка во седмиот месец од бременоста победи во меч во мечување