Утрински Весник
Економија

Сметководителите погодени од кризата со коронавирусот, ќе испорачаат предлог-барања за поддршка

Сметководителите погодени од кризата со коронавирусот, ќе испорачаат предлог-барања за поддршка

Скопје, 26 март 2020 (МИА) – И сметководителите веќе ги чувствуваат последиците од новонастанатата економска ситуација поради коронавирусот.

Тие денеска, како што најавија, ќе соопштат конкретни предлог-барања за поддршка.

-Правните лица за кои се вршат сметководствени услуги, се веќе погодени од кризата и им е намалена ликвидноста, а тоа се одразува со задоцнетото подмирување на обврските. Многу од нив најавуваат и затворање на своите бизниси, со што повеќе од извесно е дека приходите брзо опаѓаат, стои во најавата за прес-конференцијата на Комората на сметководители, закажана за денеска. мч/сст/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Левица: Мицкоски ја направи Македонија зависна од брзи кредити – задолжени 333 милиони евра за 71 ден

Ристески: Се контролираат цените на производите и инфлацијата, засега нема нови економски мерки

Потпишани договорите за финансирање на третата фаза од железничкиот Коридор 8 кон Бугарија, проект којшто е реален и остварлив