Утрински Весник
Свет

Словенија прогласи епидемија на коронавирус

Словенија прогласи епидемија на коронавирус

Словенечката влада официјално прогласи епидемија на коронавирус.

Премиерот на Словенија, Јанез Јанша, претходно објави на „Твитер“ дека епидемијата ќе биде прогласена за територијата на цела Словенија и дека ќе трае 30 дена, почнувајќи од денес, пренесува словенечката агенција СТА.

Тој додаде дека во тек е седница на владата.

Во Словенија, учеството на позитивни резултати во вкупниот број на тестирани примероци за прв пат надмина 19 проценти, откако вирусот беше потврден кај 726 случаи од 3.765 тестови, пренесува СТА.

Тоа значи дека бројот на активни случаи на Ковид-19 во Словенија во моментот е 6.651, додека вирусот е потврден кај 13.151 лице од почетокот на пандемијата.

Во претходните 24 часа, уште три лица починаа во Словенија како резултат на Ковид-19, со што вкупниот број на смртни случаи од оваа болест се зголеми на 187.

Четиринаесетдневната стапка на кумулативна инциденција на 100.000 луѓе достигна 317, за разлика од 290 претходниот ден.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица

Стејт департментот отпушта 1.300 вработени